Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
Патријархот Московски и на сета Русија г.г. Кирил вчера упати честитка до архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод неговиот 70-ти роденден. Во честитката објавена на официјалната интернет страница на Руската православна црква, што ја пренесува литургија.мк, патријархот Кирил му посакува на архиепископот Стефа здравје, душевен мир и уште многу години предстојателска служба.
Во продолжение ја пренесуваме во целост честитката од рускиот патријарх:
- „До Неговото Блаженство,
Блаженејшиот Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски,
Митрополит Скопски
Ваше Блаженство, возљубен Собрат и Сослужител пред Божјиот Престол!
Христос воскресе!
Упатувајќи Ви го овој радосен пасхален поздрав, од сè срце Ви го честитам Вашиот 70-ти роденден.
Уште од младоста, откако го чувте повикот на Спасителот да се одречете од себе и да Го следите, земајќи го својот крст (Мт. 16,24), целосно Му се посветивте на Господа и постојано се стремевте да пребивате во молитва и во служба на словото (Дела 6, 4). По Божјата милост, се воздигнувавте од сила во сила (Пс. 83, 8) и стекнавте голема љубов и почит од клирот и паството, кои по премудрата Промисла на Седржителот Ве избраа на првосвештеничкиот трон на древниот Охрид — словенскиот Ерусалим, кој со трудот на Вашето Блаженство повторно заблесна како светла ѕвезда во семејството на Помесните Православни Цркви.
Во овој торжествен за Вас ден, молитвено Ви посакувам крепко здравје, душевен мир и неисцрпна помош од Господа за многу и благи години на Вашата предстојателска служба.
Со братска љубов во Воскреснатиот Христос,
+ Кирил,
Патријарх Московски и на сета Рус“, стои во честитката од Рускиот патријарх г.г. Кирил до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот