Четири арапски држави во дипломатска акција за да се спречи американски напад врз Иран

Претставници на Саудиска Арабија, Катар, Оман и Египет 48 часа имаа интензивни дипломатски разговори со Вашингтон и Техеран, за да ги спречат САД воено да го нападнат Иран, изјави неименуван извор.
Според него, разговорите биле насочени кон намалување на запалива реторика и избегнување на каква било воена операција што може да предизвика регионална нестабилност.
Претставниците на арапските држави предупредија дека агресијата би имала сериозни безбедносни и економски последици по регионот.
Земјите од Персиски Залив стравуваат дека американските воени бази на нивна територија би можеле да бидат мети на иранската одмазда во случај на американски напад. Тие се загрижени и од евентуални напади врз енергетските постројки, врз кои се заснова регионалната економија,
Ниту САД ниту Иран официјално не соопштија детали од дипломатските напори на арапските држави.
МИА
Ново на Сител
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
