-->
-->
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-->

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски избори четвртфинале на турнирот „Младински шампионски куп“ што се игра во белгискиот град Вилријк. 14-годишниот Алексовски со пресврт стигна до победа од 2:1 во сетови против Луис Бернардо Саравија од Португалија. Првиот сет со 7:5 во гемови го освои Саравија, а следните два му припаднаа на македонскиот тенисер со 6:1 во гемови.
Претходно Алексовски во првото коло го победи Закарија Азаз од Франција со 2:0 во сетови, а во второто беше подобар од Андрија Мартиновиќ од БиХ истотака со 2:0 во сетови.
Утре во четвртфиналето Алексовски ќе игра против Ејдан Чан од Австралија.
Инаку, Марко Алексовски е дел од тимот на ИТФ Тенис Европа.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
