Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
Времето кога години наназад секој од нас губел надеж е минато. Македонија може напред. Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача вечерва македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Заедно, рече тој, ги градиме темелите, камен по камен, за Македонија што ќе ја препознаеме и ќе ја сакаме, за Македонија каква што ја заслужуваме и со која ќе се гордееме.
-Кога ќе погледнам во очите на луѓето кои секојдневно ги среќавам, знам дека морам да направам сè што можам за да имаат подобар живот. Така и ја гледам Македонија – со љубов и одговорност. За тебе, за твоето семејство, за иднината што ја градиме заедно, за надежите кои не смеат да се изневерат. Промените не се случуваат преку ноќ, но секој ден што вложуваме е чекор поблиску до Македонија со која ќе се гордееме. Не ветувам совршенство и чуда, туку ветувам искреност и упорност во секој чекор и борба за тебе и иднината каква што ја заслужуваш, рече македонскиот премиер Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.
Ние, рече, не сме политичари што зборуваат од високо. Ние сме луѓе што живеат тука со вас, што чувствуваат ист страв и иста надеж. Затоа со труд и лојалност кон вас, нагласи, ги градиме темелите на промените – искрено, чекор по чекор, со срце.
-Македонија е повеќе од земја. Тоа е наш дом, нашите семејства и нашите соништа. Оваа година беше само почеток, почеток на стабилизација и консолидација после 7-те години на проблеми и уништувања, на разочарувања и изневерешни очекувања и изгубена надеж. Заедно, чекор по чекор, ги поставуваме темелите за Македонија да биде повторно твоја – земја што ќе не обедини и ќе ни даде сила. Времето на Македонија допрва доаѓа, и тоа не е само слоган – тоа е наша обврска кон сите вас. Ги градиме темелите со пот, со борба и со надеж. За секој што верува дека оваа земја заслужува подобро, за тебе и твоето семејство, за иднината која доаѓа, за македонија која повторно ќе биде твоја“, рече премиерот додавајќи дека ова е една година од новиот почеток, една година градење темели на промените за времето на граѓаните кое доаѓа.
Ново на Сител
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта