Чупиќ: Јас сум виновен за поразот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар претрпеа нов трет пораз во групата од Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен загубија од полска екипа Висла со 26:32. Претходно „вардарци“ беа поразени од Мелсунген и Нант.
-Лошо го отворивме натпреварот, пред сè напаѓачки знаевме дека ќе ни биде тешко. Моја грешка беше што отворивме со човек повеќе и примивме неколку лесни голови без голман. Сакав да изненадам со таа игра, да ги искористиме неколкуте напади додека не се адаптираат, ама не успеавме. Испадна целосно различно од моите очекувања и тука ни побегна натпреварот. Иако во завршницата малку се вративме, на крајот Висла заслужено победи на оваа средба. Висла покажа дека денес е подобар тим, но за шест дена е нов натпревар. Никој не може да гарантира дека нема да бидеме подобри. Нема да му дозволам на тимот да се опушти и да смета дека нема за што да играме, изјави тренерот на Вардар, Иван Чупиќ на прес конференцијата.
Следниот натпревар Вардар го игра на гости во Полска против Висла на 14.октомври (среда).
МИА
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
