ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска одлучи повторно да ги преброи сите гласови од вонредните парламентарни избори одржани на 28 декември на избирачките места.
Одлуката е донесена по предлогот на Советот за изборни операции, бидејќи за време на делумното пребројување се евидентирани манипулации со гласовите меѓу кандидатите на политичките субјекти.
Претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи, изјави дека, врз основа на досегашните извештаи од процесот на пребројување, промените во гласовите за политичките субјекти се минимални и речиси занемарливи, што значи дека резултатите на политичките субјекти се точно преброени и правилно прикажани.
За разлика од гласовите за политичките субјекти, тој рече дека податоците за кандидатите по пребројувањето покажуваат висок степен на неточност во броењето.
„Според извештајот од преброените гласачки места во Центарот за броење и резултати (ЦБР), произлегува дека по пребројувањето во ЦБР, од резултатите на кандидатите, кои беа евидентирани во ОКЦ, се одземени 36.007 гласови. Исто така, по пребројувањето, на кандидатите кои не беа правилно евидентирани во ЦБР им беа додадени 20.978 гласови“, нагласи Радониќи.
Тој рече дека промената на бројот на гласови на кандидатите по пребројувањето покажува дека процесот на пребројување на гласовите на кандидатите во рамките на политичките субјекти имал неточности.
ЦИК претходно одлучи да преброи во 100 проценти од гласачките места во 10 општини. Во меѓувреме, во уште 28 општини беше донесена одлука да се пребројат по 10 проценти од гласачките места.
ЦБР денеска одлучи да ги разреши и претставниците на политичките субјекти во Општинската изборна комисија во општина Призрен.
Според претходното пребројување, Призрен се покажа како општина со најголеми несогласувања. По повторното пребројување на 98 проценти од гласачките кутии, се чини дека околу 19.000 гласови им се додадени на кандидатите на ДПК што не ги добиле од граѓаните.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
