Црна Гора го одбележува Денот на независноста

Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста и 19 години откако на референдум ја обнови својата државна самостојност, јави Мина.
На референдумот одржан на 21 мај 2006 година, гласаа 419.240 граѓани, или 86,5 отсто од вкупниот број гласачи.
Независноста на државата ја поддржаа 230.661, или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора кои излегоа на референдумот, додека за останување во заедничка држава со Србија гласаа 185.002 или 44,5 отсто.
Собранието на Црна Гора претходно го усвои Законот за референдум, кој беше договорен со препорака од Европската унија. За успешен референдум беше потребно тој да биде поддржан од 55 отсто од излезените гласачи.
Референдумското прашање гласеше – Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со полн меѓународно-правен субјективитет.
Собранието на Црна Гора на 2 март, на предлог на претседателот на Републиката Филип Вујановиќ, донесе одлука референдумот за државно-правниот статус да се одржи на 21 мај.
За претседател на Републичката референдумска комисија (РРК) беше избран Словакот Франтишек Липка.
Право на изјаснување на референдумот имаа граѓаните кои согласно прописите за избори имаа избирачко право.
Според податоците на РРК, право на глас на референдумот имале 484,7 илјади граѓани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
