Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва
Црногорската полиција е во потрага по 18-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски кој е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша Кан (56) од Будва, информираат црногорските медиуми.
- Полицијата во соработка со Високото државно обвинителство од Подгорица пронајде докази и го расветли обидот за убиство на Марко Љубиша Кан што се случи на 7 август годинава во комплексот хотели „Маестрал“ во Будва. Со преземање на оперативни и тактички мерки, како и со прибрани форензички докази полициските службеници за кратко време го идентификуваа извршителот на ова тешко кривично дело. Се работи за лицето А.Т., државјанин на Северна Македонија, соопштила Црногорската полиција.
Тој се сомничи дека испукал два проектили во правец на Кан, кој се здобил со повреди во делот на главата по што се дал во бегство во непознат правец.
Полицијата ги предупредува граѓаните дека секое свесно прикривање на информации за движењето или престојот на Танасковски, вклучително и давање на услуга за сместување може да претставува кривично дело - помош на сторител по извршено кривично дело што подлежи на законска одговорност.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола