Македонија
16. July 2025 - 9:02

Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка

Црвениот крст и Министерството за внатрешни работи денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.

Како што информираат од Црвен крст, Меморандумот претставува основа за понатамошна институционална соработка во областа на хуманитарното делување, превенцијата и одговорот при кризни и вонредни состојби, заеднички активности во полето на безбедноста, едукацијата, обуките, како и унапредување на волонтерството и солидарноста во заедницата.

Посочуваат дека со потпишувањето ќе се овозможи поефикасна координација помеѓу двете институции во интерес на граѓаните и нивната благосостојба.

На настанот ќе се обратат генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

 

МИА