Македонија
16. July 2025 - 13:45

Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана

На 15.07.20205 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 17-годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.