Црвен крст на Србија достави помош за 400 домаќинства, итна седница на Штабoт за вонредни ситуации

Црвен крст на Србија денеска соопшти дека во изминатите денови им обезбедил ургентна помош на повеќе од 400 од најранливите домаќинства, доставувајќи им пакети со храна и хигиена, топла облека, ќебиња, вреќи за спиење, генератори, свеќи и гасни грејачи.
„Обилните снежни врнежи во неколку општини и градови во Србија предизвикаа прекин на сообраќајот, снабдувањето со електрична енергија и греење, како и снабдувањето со вода, а општините и градовите Лозница, Ваљево, Осечина, Ивањица, Владимирци, Крупањ, Мали Зворник, Лучани, Мајданпек беа меѓу најпогодените“, се вели во соопштението.
Тие додадоа дека ќе продолжат да ги спроведуваат потребните активности на терен и да им пружат помош на ранливото население.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, командант на Републичкиот штаб за вонредни ситуации, денеска ќе претседава со вонредна седница на тој штаб каде ќе се дискутира за моменталната хидролошка и метеоролошка состојба во државата, информации за општата состојба на терен и активностите на Одделот за вонредни ситуации, како и други важни теми.
Вонредна состојба се уште има во 11 српски општини, претежно во Западна Србија, каде повеќе од 6.000 домаќинства се без електрична енергија.
„Најтешко е во Златиборската, Колубарската, Моравичката и Мачванската област“, изјави Милорад Спаспојевиќ од Одделот за вонредни ситуации за РТС.
Одделот за вонредни ситуации, заедно со Републичката дирекција за стоковни резерви и Српско-рускиот хуманитарен центар, испратија 19 единици од различни сили во тие подрачја.
Од 4 јануари, кога започнаа обилните снежни врнежи, до денеска, имавме 102 интервенции со ангажирање на 226 пожарникари со 104 возила, 23 пумпи и три чамци додека 38 луѓе беа спасени и евакуирани, рече Спасојевиќ.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
