ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на планината Добра Вода, општина Македонски Брод.
Од пожарите што се ставени под контрола, два се на територија на општина Гази Баба. Електричен отпад бил опожарен во село Трубарево, а нискостеблеста шума била опожарена во село Виниче, место викано „Муратица“. Третиот пожар ставен под контрола е во општина Студеничани, село Батинци, каде гореле ниска вегетација и мешана шума. Последниот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кочани, каде во селото Бали била опожарена депонија.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Одлуката на САД ќе погоди многу мал дел македонски државјани
-

СДСМ: Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија
-

Средба на координаторите на пратеничките групи во Собрание по вчерашната лидерска средба
-

Новоизбраните членови на Судскиот совет дадоа свечена заклетва
-

Министерството за економија ќе организира средба со угостителите за законот за заштита од пушење
-

Одмаралиштето на Пониква повторно во служба на повредените во „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
