-->
-->
ЦУК: Активни три пожари
-->

Центарот за управување со кризи информира дека до 15:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека два се целосно изгаснати.
Активни се пожарите кај пробиштипското село Петршино каде гори ниска вегетација, на потегот меѓу светиниколските села Делисинци и Сарамзалино, каде е зафатена ниска вегетација и покрај локалниот пат Богданци – Стојаково, каде гори ниска вегетација.
Изгаснати се пожарите: во Општина Ранковце, кај село Вржогнци, каде биле зафатени автомобил и стрниште и во Општина Сарај, кај село Грчец, каде горела ниска вегетација.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
