ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик

Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот од кои три се активни, а осум се изгаснати. Активни пожари има во село Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација; село Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација; и село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде исто така гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснат е и пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде гореше борова шума и во чие гаснење беа упротебени трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштата и спасување.
Покрај тоа, изгаснати се и пожарите во село Бањица Општина Чашка (ниска вегетација), Општина Струга село Биџево (ниска вегетација), Општина Врапчиште село Сенокос (ниска вегетација), Општина Делчево (депонија), Општина Новаци: кај езерото Букри (шумски пожар), Општина Арачиново село Брњарци (ниска вегетација, борови дрвја) и Општина Ѓорче Петров населба Волково (ниска вегетација, борови дрвја и грмушки).,
МИА
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
