ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни

Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државава денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се сè уште активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати.
Активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и во општина Крушево, на влезот од градот, каде што е зафатена депонија.
Под контрола се пожарите во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје Јасен, каде што гори мешана шума, како и на планината Кожуф во општина Гевгелија, каде што е зафатена висока шума.
Изгаснати се пожарите во општина Штип, кај селото Судик (стрниште), во општина Дебар, кај селото Елевци (ниска вегетација), и во општина Куманово, во населбата Гоце Делчев (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
-

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“
-

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство
-

Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн
-

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово
-

Отворање на Новогодишен базар, пристигнување на Дедо Мраз и осветлување на чаршијата во Крушево
-

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
