ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни

Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државава денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се сè уште активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати.
Активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и во општина Крушево, на влезот од градот, каде што е зафатена депонија.
Под контрола се пожарите во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје Јасен, каде што гори мешана шума, како и на планината Кожуф во општина Гевгелија, каде што е зафатена висока шума.
Изгаснати се пожарите во општина Штип, кај селото Судик (стрниште), во општина Дебар, кај селото Елевци (ниска вегетација), и во општина Куманово, во населбата Гоце Делчев (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-

Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар
-

Новата сезона во Хераклеа почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија
-

Гевгелија најтопла со 14 степени, нестабилно време со дожд и грмежи во текот на денот
-

Цените на нафтата пораснаа по изјавата на Трамп дека Кина ќе купува американска нафта
-

Нетанјаху: Ерусалим засекогаш ќе остане под контрола на Израел, Иран никогаш послаб
-

Во Собранието настан посветен на животот и делото на претседателот Борис Трајковски
-

Делови од Автокоманда, Влае, Кисела Вода и Трубарево денеска без вода
-

Трамп и Шји се договориле Кина да не испраќа воена опрема во Иран
