ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите

Поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата во текот на изминатото деноноќие. Беа примени поголем број пријави од возачи и граѓани, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Од ПС за ВПС - Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Две на автопатот Тетово - Гостивар - една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила, потоа една на локалниот пат Пирок - Боговиње, една на патот Тетово - село Требош. За една од сообраќајните незгоди не е побаран увид. Од БПС - Гостивар се пријавени вкупно 15 сообраќајни незгоди, од кои на 10 е извршен увид од страна на увидна екипа, додека за пет не е побаран увид поради договор меѓу оштетените страни, појаснуваат од ЦУК.
Примени биле бројни пријави од жители на Тетово и Гостивар, како и од околните населени места, за замрзнати споредни и локални улици.
-Регионалниот центар за управување со кризи - Тетово стапи во контакт со надлежните лица од општините Тетово, Гостивар и Желино, од каде беше потврдено дека се ангажирани фирми за зимско одржување и дека на терен се врши посолување на патиштата по приоритети. Пријави беа примени од населбите Фазанерија и Циглана во Гостивар, како и од селата Долна Ѓоновица и Корита. Од тетовскиот регион пријави имаше од село Селце - под Шар Планина и од повеќе улици во градот Тетово. Во Тетово беше активиран Кризниот штаб и извршено е посолување на повеќе локални патишта, додаваат од ЦУК.
По пријава за замрзнат коловоз на локалниот пат Желино - Сириќино, ЈКП „Желино“ интервенирало и извршило посолување на критичните делници.
-Од „Македонија пат“ - секциите Тетово, Попова Шапка и Гостивар, информираа дека континуирано се на терен и вршат посолување на автопатите и регионалните патни правци под нивна надлежност. Поради снежни врнежи, на патниот правец Лисец - Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема. По 22:30 часот не се примени нови пријави од граѓани, додаваат од ЦУК.
Од ЦУК апелираат до возачите на зголемена внимателност, прилагодување на брзината и задолжителна употреба на зимска опрема.
МИА
Ново на Сител
-

Попладне врнежи од дожд, над 25 литри
-

Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград
-

Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори за Украина во Париз
-

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид - Кичево се веќе во функција | ВИДЕО
-

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
