Цвеќе пред спомен-плочата на гемиџијата Марко Бошнаков во Охрид за 118-годишнината од неговата смрт

Охрид денеска ја одбележува 118-годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков. Делегација од Општина Охрид, како и претставници на политичкиот и јавниот живот во Охрид, ќе положат свеќе пред спомен-плочата на Бошнаков, сместена во непосредна близина на неговата куќа во Стариот дел на Охрид.
Марко Бошнаков е роден во Охрид во 1874 година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што, всушност се означи почетокот на македонската револуционерна борба во 1893 година. Се вклучил во движењето на Гемиџиите (Солунските атентатори) издавајќи им ја и својата бакалница во Солун.
Измачуван и тешко заболен од затворските тортури, умира од маларична треска во затворот Музрул во Африка на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.
Пред смртта Бошнaков на своите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“. Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошнаков, му ја отсекле главата и ја донеле во неговиот роден град. Главата е закопана во источната апсада на црквата „Свети Константин и Елена“ во Охрид.
МИА
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
