Македонија
12. May 2016 - 17:09

Да се премине прагот на полнолетството со чашка или да се одолее на предизвикот

Да се премине прагот на полнолетството за да се стапне во светот на возрасните. Крај на средношколските денови, но и нов почеток. Забава до рани зори како поздрав со другарите од училишната клупа. Неколку дена за да не се избришат сеќавањата.  Но, до каде е границата? Дали пред  другарите не треба да се крене чашката или да се внимава колку е полна?

- Само една чашка алкохол може сериозно да ги наруши основните фунции на телото и да предизвика сериозни последици, вели токсикологот Андон Чибишев.  

Тоа е ставот на лекарите, веројатно многу сличен на советите од родителите. За добра забава не мора да тече алкохол во крвта. А кога ќе се премине границата последиците може да бидат болни.

Возачката во рака е само потврда дека сте ги поминале тестовите и обуката, но зад воланот и кога инструкторот не седи до вас брзината може да има лош крај.

- Разликата во десет километри од брзината на движење неколкукратко ги зголемува последиците и серизоноста на повредите при настанување на сообраќајна несреќа, вели хирургот трауматолог Виктор Камиловски.  

Изборот е пред Вас. Добра забава секако ќе има, со или без чашката во рака. Заборавете го автомобилот и дозволете и другите да ја споделат среќата со Вас. Поминатиот праг е нов почеток, но вие одлучете и изберете го вистинскиот пат.