Македонија
25. May 2021 - 16:48

Дали Бугарија се подготвува за повлекување на ветото?

Очекувањата од дијалогот меѓу Бугарија и Македонија се на бугарската страна вели претседателот Румен Радев по средбите со европските дипломати во Брисел. Сепак, за дијалог треба да се стимулира и македонското политичко раководство, вели бугарскиот претседател.

Новиот бугарски  шеф на дипломатијата, пак, за прв пат ја отвара и неможноста за патот за мониторинг од брисел за воспоставениот дијалог. Досега Софија ги одбиваше предлозите на македонската страна за какво било европски мониторинг.

Во меѓувреме, македонскиот и бугарскиот копретседавач на историската Комисија на бугарската БТВ си разменија пораки за спорните точки. 

- „ Видете, ако ние треба да изградиме заеднички став во комисијата за тоа, на пример, дека треба заеднички да го чествуваме Гоце Делчев, а притоа државата со која треба заеднички да го чествуваме Гоце Делчев не го признава македонскиот јазик, тврди дека ние сме нација од 44-та година, Титова? “.

- „Има признание, но тоа е по Втората светска војна и тоа е гледиштето на бугарската политичка елита што се потпира на ставовите на нашата историска наука“.... „Кога имаме целосно разединување на ставовите и не сакаме да ја видиме потребата за поинакво толкување на минатото, зборувам за македонските колеги, тогаш навистина ја губам довербата во професионалната и колегијална работа“.

Затоплувањето на односите меѓу Скопје и Софија доаѓа само неколку дена по предлогот на португалското претседавање на ЕУ за гаранции за имплементирање на Договорот за добрососедство во делот на заедничката историја, како и во пресрет  Самитот на ЕУ на 22 јуни на кој се очекува конечната одлука дали државата најпосле ќе ги почне преговорите со Брисел.

Во оваа насока е утрешното заедничкото чествување на Радев и Пенддаровски на Светите Кирил и Методиј во Рим. Двајцата претседатели ќе патуваат заеднички од аеродромот во Скопје каде ќе имаат и кратка средба.