Свет
14. July 2025 - 16:35

Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет

Од држава која редовно беше резервирана за проширувањето на Унијата особено со западен Балкан, Данска станува дражава во чие претседавање проширувањето е врвен приоритет.

Новата политика е резултат на гео-политичките поместувања поради војната во Украина. Проширувањето е дел од политиката на силна и безбедна Европа, во која предност ќе имаат Украина и Молдавија, но и дел од западниот Балкан, уверуваше денеска данската амбасадорка Деилер Кардел во македонското собрание.

Пратениците од власта отворено дека се разочарани од досегашните уверувања на ЕУ челниците за проширување. За нив не прифатливо е минатото да биде вето за иднината.

Опозицијата пак, бараше уверување од Унијата дека ќе помогне Македонија да не остане жртва на странски дестабилизациски операции.

Данска го презеде претседавњето со Унијата на 1 јули. Тоа е 8 претседавање на оваа држава. Освен силна и безбедна Европа како прв приоритет, во наредниот период Данска ќе бара Унијата да донесе политки со кои ќе се зголеми конкурентноста на европските компании на глобалниот пазар, како и да се води сметка за зелената агенда.