Дебар и неколку населени места утре шест часа без струја
Поради планирани прекини утре (2 јули) шест часа без напојување со електрична енергија ќе биде речиси цел Дебар и неколку населени места.
- Во периодот од 8 до 14 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во град Дебар, освен дел од населба „Венец" и околината на Дебарското Езеро. Без струја ќе биде и село Бањиште, бањскиот локалитет „Дебарско Бањи-Цапа, во истото село, како и граничниот премин „Блато", информираа од Регионалниот центар за управување со кризи-Дебар.
Без струја ќе бидат и општинската зграда, Општата болница со проширена дејност и Одделението за внатрешни работи, населено место Бомово и бензинската пумпа на Макпетрол.
-Прекинот е поради планирани технички зафати на електро-мрежата. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и препорачуваме навремено прилагодување на дневните активности, се наведува во објавата.
Непланиран прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Гари, Лазарополе, Тресонче, Селце и Осој.
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина