Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки

Игли, шајки и други остри метални предмети се пронајдени во колачињата што ги добиле децата за Ноќта на вештерките во Германија, Австрија и Унгарија.
Такви случаи се регистрирани во неколку германски покраини, а во Бремерверде, западно од Хамбург, деветгодишно девојче го повредило јазикот додека јадело чоколадо, во кое била пронајдена игла долга пет сантиметри.
Унгарската полиција почна истрага откако шајки, завртки и парчиња жица биле пронајдени во колачињата што децата ги добиле во и во околината на градот Ѓемре, источно од Будимпешта. Локалните власти соопштија дека едно девојче добило карамела со шајка, завиткана во обвивка од чоколадо. Девојчето навреме ја забележала шајката и не е повредено.
Неколку случаи се пријавени и во Австрија. Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер ги осуди инцидентите, нарекувајќи ги кукавички, злонамерни и во некои случаи опасни по живот. Полицијата соопшти дека се водат истраги во четири австриски покраини.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ако не се најде купувач за Алта, граѓаните и фирмите да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до денар
-

Голема акција во Куманово: „Падна“ лихварска група, претреси во менувачница
-

Операции на шака кај 16 повредени од трагедијата во Кочани
-

Младите брачни парови ќе плаќаат 60 отсто помалку за изградба на куќа во Скопје
-

Проектот LERMS лансиран во Mакедонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Осум дена притвор за двајца вработени на УГД-Штип
-

Следната недела надзорна расправа за работењето на Алта банка во Собранието
