Дедомразовска трка низ Скопје
Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска ќе ја организира традиционалната Дедомразовска трка во која учесниците облечени во црвени костуми на Дедо Мраз ќе трчаат низ улиците на Скопје.
Трката ќе почне во 12 часот пред „Скопје сити мол“. Патеката е долга два километри, а учесниците на различна возраст треба да се претходно пријавени НА веб-страницата www.prvdovrv.mk Тие добиваат целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.
-Трката има забавен и натпреварувачки карактер и може да се пријават учесници од сите старосни групи. За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место, соопшти организаторот.
Пред и по трката ќе има музичка програма, загревање со фитнес-инструктор и церемонија на прогласување на победниците.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
