Дел од секторите без синдикат, таму каде што го има не функционира
Иако регулирани со устав и закон работничките права во Македонија, се уште во одреден дел наголемо се кршат. Особено во делот на минималната плата и К-15 каде дел од овие примања некои работници на рака им ги враќаат на газдите, правата се кршат и при прекувремената работа и годишните одмори. Никој не ги заштитува работниците. Проблемот се гледа во тоа што цели гранки како текстилната и кожарската индустрија, земјоделскиот и градежниот сектор, како и новите странски инвестиции се без комплетно без синкати, а и таму каде што ги има синдикатите не функционираат. Дел од синдикалците велат дека државата е инертна во решавањето на проблемите на работниците.
„Иако уставот вели дека работните односи се регулираат со закон и со колективен договор, колективното договарање кај нас воопшто како да не постои. Вработувањето во Македонија, кое во последно време е сведено на договори на определено време. Замислете, кој работник би се одлучил да членува во синдикат, доколку е вработен на 6 месеци и доколку му виси над глава можноста да биде отпуштен во секое време“, изјави Лазе Ангелески, поранешен претседател на ССМ – Прилеп.
Од здруженијата кои се занимаваат со работничките права велат дека синдикалните лидери не ја сфаќале доволно улогата на синдикалното организирање и била потребна итна реформа на синдикатите.
„Исто така го повикуваме и Министерството за труд и социјална политика на наредниот состанок кој што го имаат на економско-социјалниот совет на национално ниво да поразговараат и за воведување како измена на Законот за работни односи за воведување на мерката социјални избори. Социјалните избори се многу битни за работниците, со тоа им се дава право за одредување на синдикален преставник или синдикална организација онаму каде што тие имаат право, а и обврска, а со тоа доброволно да пристапуваат кон синдикатите“, рече Рубин Аризанкоски, секретар на здружение „Достоинствен работник“.
Во минатото раководствата на синдикатите исклучиво работеа за свој личен интерес, приклонувајќи се кон политичките партии, наместо да ги бранат правата на работниците. За да се возобноват синдикатите и нивната моќ се предлага тие да се отворат за млади некомпромитирани кадри.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
