Македонија
17. August 2023 - 16:32

Дел од учебниците ќе доцнат и оваа школска година - Министерот уверува дека во прашање се дваесетина дена

И новата учебна година ќе почне со старите проблеми за учебници. Се уште не се готови книгите за 3то и 6то одделенците. Министерот уверува дека се работи за помало задоцнување и учебниците ќе бидат доставени 20 дена подоцна. Тие се во напредна фаза и се очекува нивно одобрување. 

- Со учебниците за трето сме во понапредна фаза на изработка и одобрување, споредбено со оние за шесто одделение, a очекуваме сите учебници во овие две одделенија да бидат одобрени и испорачани набрзо по стартот на новата учебна година. Дотогаш ќе се користат помошни материјали кои ги изработува БРО и ќе бидат достапни во електронска форма. Правиме максимални напори за учениците да го имаат основното средство за совладување на наставната материја по секој еден предмет и новата учебна година ќе биде значително поподготвена во однос на минатите.

Со оваа влада се повторуваат истите проблеми секоја година, велат од опозицијата. Обвинуваат дека се прават реформи преку ноќ и се удира по темелите на образовниот систем. 

Не се направени ниту потребните корекции и измени во историја за 5то одделение, па учениците ќе добијат помошни материјали за настава. 

Во текот на летото се направија измени во календарот на учебната година, ќе почне на први септември но ќе трае до 15 јуни. Се воведе пролетен распуст од една недела.