Македонија
6. October 2026 - 9:02

Делегација од Конгресот на локални власти на Советот на Европа во посета на Собранието

Делегација од Конгресот на локални власти на Советот на Европа денеска ќе го посети македонското Собрание.

Како што информираат од собраниската прес-служба, делегацијата ќе оствари заедничка средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска и заменик-претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Пеце Милевски.

 

МИА