Делови од дронови оштетија индустриска зона во рускиот град Невиномиск, експлозии во Киев

Остатоци од дрон паднале во индустриска зона во рускиот град Невиномиск, во јужниот регион Ставропол, при што е причинета материјална штета.
„Масивен воздушен напад во Ставропол беше одбиен благодарение на силите за воздушна одбрана. Ноќта беше многу напната за нив. Според оперативните информации, нема жртви и нема последици на терен во Солнечнодолск. Штети од паѓање на остатоци од дронови се регистрирани во индустриската зона Невиномиск. Продолжуваат проверките на погодените области и проценката на последиците, почнаа реставраторски работи“, напиша гувернерот на регионот Ставропол, Владимир Владимиров, на Телеграм.
Во Невиномиск има голем хемиски погон, меѓу другите индустриски објекти.
Во меѓувреме, во украинскиот главен град Киев во текот на ноќта се слушнале повеќе експлозии.
Русија вчера, исто така, погоди најмалку шест локации на енергетската индустрија во воздушни напади врз Украина.
Руски дронови во ноќните напади оштетиле терминал во украинскиот пристаништен град Николаев, напиша вршителот на должноста регионален гувернер Георги Решетилов на Телеграм.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
