Денес облачно време со сончеви периоди и повремен дожд

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 1 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 5, а максималните ќе достигнат до 13 степени.
Во среда и во четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Од четврток ноќта до крајот на викендот под влијание на циклонска активност, следува период на нестабилно време со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во четврток и петок претпладне ќе дува засилен ветер претежно од јужен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
