Денес променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време

Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, што повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час.
Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 Целзиусови степена.
Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Се очекува температура од 14 до 30 Целзиусови степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека до крајот на оваа седмица, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
