Прв академски час, но и први студентски предизвици
За некои прв чекор кон посакуваната професија, за други почеток на едно сосема ново поглавје. УКИМ денеска ги отвори вратите за новата генерација студенти, кои со различни очекувања влегуваат во академската заедница.
Од средношколските клупи – директно во академскиот свет. Денеска бруцошите го имаа својот прв академски час, а со него и првото соочување со студентскиот живот.
Полни со очекувања, но подготвени за првите предизвици. Студентите пред камерата на Сител откриваат од што се плашат и на што се радуваат.
На свечениот академски час, порака и до студентите – факултетот не е само место каде се стекнува диплома, туку простор каде се создаваат знаење, критичко размислување и идни професионалци.
Според бројката на МОН 10.000 студенти почнуваат нова авантура. Но уште на самиот старт, системот ги дoчека со многу проблеми. Најголем дел од бруцошите до вчеравечер не знаеја каде ќе спијат, со оглед дека МОН резултатите од сместувањата за домовите ги убави вчера попладне.
Бесплатната дигитална картичка за градскиот превоз за идните академски граѓани на 1 октомври остана само усно политичко ветување, бидејќи никој од надлежните не објави како истата да се извади. Покачени се и автобуските билетите од повеќе градови во внатрешности, што претставува и директен удар врз и онака скромниот џеб на студентите.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
