Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени

Топлото време продолжува, денеска се очекуваат температури до 39 Целзиусови степени.
Како што информираше Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најавена е температура од 21 до 38 Целзиусови степени.
Синоптичарите најавија и за утре времето да биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од утре од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, а од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 километри на час.
МИА
Ново на Сител
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
