Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово

Денеска (04.03.2026) во основното училиште „Али Фетахи Окрај“ во с.Дебреште, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и од Полициското одделение Ропотово одржаа едукативно предавање на учениците од осмо и деветто одделение и нивните родители на теми за безбеден сообраќај, врсничко насилство и сајбер криминал. На присутните им беше укажано на законските обврски и последици од несовесно и противзаконско оденсување, како и на важноста од соработка помеѓу училиштето, родителите и полицијата се со цел навремена превенција и заштита на малолетниците.

Денеска, исто така, на неколку локации во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата на тема „не користи мобилен телефон додека возиш“. Притоа, на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила. Целта на активноста е да се влијае на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура во насока на намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
На 04.03.2026 во Делчево и Берово беа спроведени превентивни активности за заштита од имотни деликти со посебен акцент на заштита од секаков вид на кражби. Во непосредни разговори на повозрасните лица им беше појаснето да внимаваат и како да се заштитат од кражби и провални кражби, односно постапките што можат да се преземат за заштита од овие видови на имотни деликти. Во Берово, Виница и Свети Николе беа реализирани активности за спречување на насилство врз жените, при што на граѓаните им беа поделени летоци со совети за самозаштита и достапни услуги за помош. Додека, пак во Кочани, Штип и Свети Николе беа реализирани превентивни активности за побезбеден сообраќај.

Превентивна активност за безбеден сообраќај беше спроведена и во основното училиште „Лирија“ во Тетово. Со едукативно предавање на тема „Сообраќајните правила за малите пешаци – Поголема безбедност на децата во сообраќајот“ на учениците од второ одделение им беше посочено како да ги препознаваат основните сообраќајни правила и знаци, начинот на преминување на улиците, движење по тротоар, како и почитување на правилата и прописите заради избегнување на можни опасности.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
