-->
-->
Денвер го победи Мемфис, Јокиќ оствари трипл-дабл
-->

Денвер Нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119.
Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени.
Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени.
Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток:
Кливелнд- Атланта 122:116
Детроит – Милвоки 137:111
Орландо – Минесота 132:120
Сан Антонио – Портланд 112:101
ЛА Клиперс – Оклахома 110:128
Феникс – Далас 112:107.
Оклахома е прва во Западната конференција со ефект 64-16 (победи-порази), Детроит е лидер на Исток со 58-22.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
