Десетти смртен случај од западнонилска треска, почина 70-годишен пациент

Уште еден пациент со западнонилска треска во текот на викендот почина на Клиниката за инфективни болести. Се работи за 70-годишен пациент од општина Аеродром, кој имал повеќе заболувања. На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца се со потешка клиничка слика - изјави денеска директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.
Тој посочи дека починатиот 57 дена бил на Одделот за интензивна нега на Клиниката, но и покрај сите преземени мерки и постапки, во текот на викендот починал.
- Има само еден нов потврден прием од 25 септември. Инаку, вкупно на Клиниката седум пациенти се хоспитализирани, од кои двајца се со потешка клиничка слика. Тие се нови пациенти на кои им се влошила клиничката слика и се префрлени на Оделот за интензивна нега. Еден од пациентите е од поновите хоспитализирани, кој од приемот е со потешка клиничка слика. Сите се возрасни и со дополнителни придружни заболувања. Последниот пациент е од Росоман, а другите се главно од Скопје, истакна д-р Цана.
Во врска со тоа дали има висок процент на смртност споредено со потврдените случаи на западнонилска треска во земјата, рече дека не би кажал дека имаме висок процент.
- Според нашите статистики се е во рамки на тоа што го има и низ светот. Значи и во Грција, и во Италија, и во другите земји каде што е потврдена оваа инфекција. Секогаш треба да сме претпазливи, да се придржуваме на сите тие мерки што ги дава Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Инфекциите цело време се присутни во природата и цело време ние сме изложени и може да се инфицираме. Поради тоа треба да се придржуваме до тие мерки што се препорачани од Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје, рече д-р Цана.
Додаде дека досега вкупно 67 случаи со невроинвазивна форма на болеста се хоспитализирани на Клиниката од кои 10 се починати, 50 се излекувани, а седум во моментов се во таа јавна здравствена установа.
МИА
Ново на Сител
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
