Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
Доколку не бидам избран за Претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на внатрепартиските избори, нема да прифатам никаква понудена партиска функција - Јован Деспотовски испрати иницијатива до сопартијците.
Бара преку потпишана изјава да се обврзат дека наместо пазарење со функции ќе се посветат на иднината на партијата. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови, вели Деспотовски за Сител.
Деспотовски кој потврди дека ќе влезе во трката за нов партиски претседател вели дека на партијата и треба лидер, а не пазарџија. Очекува сите кои ќе влезат во трката за нов лидер да ја потпишат изјавата.
Во трката за претседател и официјално влегува Славјанка Петровска. Иако се споменуваат и имињата и на Венко Филипче, Стефан Богоев, нема потврда дека поднесуваат кандидатура. Рокот за пријавување е до четврток, а внатрепартиските избори се закажани за 30 јуни.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар