Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата

Екипите на Детроит и Кливленд со победите ноќеска во мајсторките изборија пласман во второто коло од плеј офот во НБА лигата во Источната конференција. Воедно двете екипи ќе играат меѓусебе во следната рунда. Двете серии завршија 4-3 во победи.
Детроит пред своите навивачи го победи Орландо со 116:94, откако во финишот на првиот дел направи разлика и поведе со 60:47, а во третиот период на противникот му дозволи да постигна само 13 поени. Орландо настапи ослабен без Франц Вагнер, а кај Детроит повторно најдобар беше првиот играч Кејд Канингем со 32 поена и 12 асистенции, а 30 поени постигна и Тобијас Херис.
Кливленд пред своите навивачи го совлада Торонто со 114:102, а на полувреме беше нерешено 49:49. Но, во третиот период Кливленд постигна двојно повеќе поени од ривалот и го реши дуелот – 38:19.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
