Детска песна за „Голема Албанија“ емитувана на МРТ2, програмскиот совет ќе утврдува одговорност

Во рамки на детска фестивалска програма емитувана на 28 март на МРТ2 на албански јазик, беше прикажан настап на 13-годишно девојче кое изведе песна „Trojet shqiptare“ во која се пее за „Голема Албанија“. Содржината на песната и симболите (мапа на „Голема Албанија“) употребени за време на изведбата предизвикаа бурни реакции во јавноста.
Поради оваа причина програмскиот совет на МРТ закажа седница на која ќе се разгледува скандалот.
Според стиховите од песната, отворено се пееше за територијални претензии и кон Македонија, и кон Грција, кон Србија, кон Црна Гора… „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, „ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“… беа дел од стиховите со јасна порака за обединување на албанските територии.
Програмскиот совет треба да утврди како се случило ваква песна да помине низ програмскиот филтер на јавниот сервис, дали имало уредничка проверка и внатрешната контрола.
Ново на Сител
-

Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за случајот „Мазут“, очекувам Вишото јавно обвинителство да ги разгледа фактите и да одлучи
-

Анкета: Бизнисите од Западен Балкан бараат итно укинување на трговските бариери
-

Белград го одбележува Спасовден: Литија вечерва со Појасот на Пресвета Богородица од црквата „Вознесение Господово“ до храмот „Свети Сава“
-

Македонија следната година ќе учествува на Евровизија
-

Мицкоски: Очекувам позицијата први во групата Западен Балкан 6 од јануарскиот извештај да се потврди и во јунскиот
-

Кривична за градоначалникот на општина Врапчиште поради сомнение за злоупотреба на службената положба
-

37-годишна жена најдена мртва со прострелна рана во главата
-

Утре средба Муцунски-Чамова во Шведска
