Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени

Девет пријави за семејно насилство биле евидентирани за 24 часа на територија на државата.
Како што информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи, четири лица биле лишени од слобода, а со две е извршен службен разговор.
Синоќа во 19:43 часот во СВР - Скопје, 37-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот сопруг Б.К., со кого биле во бракоразводна постапка, упатувал закани кон неа.
Синоќа во 19:05 часот во Полициската станица - Кисела Вода, полициски службеници од СВР - Скопје извршиле службен разговор со В.К., на возраст од 43 години од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.06.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар, физички ја нападнал неговата 35-годишна вонбрачна сопруга.
Вчера во 15:25 часот во СВР - Скопје, 59-годишен маж пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил психички малтретиран од неговиот татко Ј.Ф..
Денеска во два часот, полициски службеници од ОВР - Дебар го лишиле од слобода А.Л., 34-годишник од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.
Вчера во еден часот во СВР - Тетово, од тетовската Клиничка болница било пријавено дека кај нив со повреди и за укажување помош дошла 44-годишна жена од овој град. Според пријавеното, по претходна расправија, таа била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.И., 63-годишник од тетовско село.
Синоќа во 23:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР - Штип го лишиле од слобода Џ.А., 40-годишник со престој во овој град, затоа што физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга.
Од МВР информираа дека бил извршен службен разговор и со Ш.А., 20-годишно лице со престој во Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 74-годишен дедо од виничко, дека во семејниот дом физички го нападнал и му упатил закани.
Вчера во 17:50 часот во Кавадарци, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д., 52-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот му се заканувал и физички го нападнал неговиот 29-годишен внук од сестра. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
Синоќа во 19:15 часот, полициски службеници од СВР - Куманово го лишиле од слобода Б.С., 33-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во градот, се однесувал агресивно и физички ги нападнал неговите родители.
- Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави - потенцираа од МВР во денешното соопштение.
МИА
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
