Девет сомнителни случаи на каридиохирушки интервенции, наодите ќе се испратат до Владата и до ЈО

Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција странската Комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди, во текот на дијагностичката евалуација и тоа на пример несогласување меѓу ангиографски наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да е ендоваскуларите или хируршките процедури - соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу, кој информираше за резулатите на странската Комисија за проверка на сомнителните случаи, на кој прв укажа академик Сашко Кедев.
-Во однос на овие случаи Комсијата оценува цитирам „дека одредени аспекти од третманот и водењето на пациентите биле под очекуваните професионални стандарди и можеби неповолно влијаело врз клиничкиот исход врз нив“. Пациентите се на возраст од 45 до 78 години, кои што беа предмет на анализа. Анализираните случаи се однесуваат на интервенции и постапки реализирани во јавните и во приватните здравствени установи. Станува збор за случаи од неколку приватни и државни клиники и болници во земјата. Во ЈЗУ Универзитетската клиника на кардиологија, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиохирургија, Клиничката болница-Штип, ГОБ „8 септември“, ПЗУ „Кардио арт“-Штип, Клиничка болница „Жан Митрев“ и Клиничка болница „Аџибаден систина“- рече Алиу.
Тој истакна дека овие наоди се сериозни и несмеаат да се релативизираат. Но исто така тие, вели, не смеат да се користат за генерализирање и нарушување на угледот на целата лекарска професија и за стигматизација на установите. Забележа дека голем број лекари во нашата држава работат стручно и чесно.
Меѓународната комсија од експерти беше составена во февруари и во неа предметите, односно случаите ги разгледуваа тројца лекари специјалисти, тоа се доктор Уголини Ливи кардиохирург од Италија, доктор Никола Лакиќ кардиоваскуларен хирург од Словенија и доктор Черчер Миха интервентен кардиолог од Словенија.
-Целта беше да се обезбеди независен стручен увид, дали постојат евентуални пропусти во постапките и процедурите во случаите посочени од интерната Комисија во нашата држав, како и да помогнеме во препознавање на можните системски празнини во системот. Одговорност, транспарентност и заштита на пациентите беа водечки принципи од целиот овој процес - рече Алиу.
Меѓународната комисија минатата недела ги има доставено наодите од стручниот увид и, како што вели министерот Алиу тие наоди во значен дел се поклопуваат со наодите на домашната интерна Комисија составена од девет членови.
-Што е особено важно дека двете Комисии работеа независно една од друга - нагласи Алиу.
Деветте сомнителни случаи и наодите од Меѓународната комисија ќе бидат доставени до Владата, Јавното обвинителство, ДКСК и сите надлежни институции во земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Забрани за казина на 500 метри од училишта и рекламирање, следни се брзите кредити
-

ГОБ 8-ми Септември со реновиран оперативен блок – за пациентите достапен за два месеци
-

Волк или куче - што беше заловено во Козле ќе покажат анализите на АХВ
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
