Диди виновен за спроведување проституција, ослободен од најсериозните обвиненија
Американскиот рапер Шон Комбс, попознат како „Диди“, беше прогласен за виновен за обвиненијата за проституција, а е ослободен од најтешките обвиненија за рекетирање и трговија со луѓе.
Комбс, имено, е прогласен за виновен по две точки од обвинението за пренесување, со цел вршење проституција. Поранешниот федерален обвинител и правен коментатор, Неама Рахмани за „Пипл“ вели дека по ова, Диди можеби нема да добие долга казна.
– Веројатно ќе добие малку, или воопшто нема да добие казна. Можеби дури ќе добие и веќе отслужено време, иако за проституција има казни до максимум 10 години. Но, поради фактот дека беше ослободен од најсериозните точки од обвинението, Владата немаше да го покрене овој случај доколку мислеа дека ќе се занимаваа само со проституција… Ова е најскапото судење за проституција во американската историја, вели тој.
Правникот смета дека ова е огромна убедлива победа на одбраната и огромен пораз за обвинителството.
За време на судењето кое траеше неколку недели, сведочеа 34 сведоци, меѓу кои и поранешната девојка на Диди, Касандра – Кеси Вентура. Комбс беше обвинет и за водење криминално здружување, во текот на 20 години – со помош на негови вработени и кругот најблиски луѓе, коешто вршело кривични дела, како што се потпалување, поткуп и киднапирање.
Ново на Сител
-
Македонија домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, пораки за побрза интеграција на регионот
-
Се воведуваат нови ленти на граничниот премин Богородица за да се намалат летните гужви
-
Пресечен меѓународен канал за трговија во дрога во Струмица, запленети 100 килограми марихуана
-
Решен деценискиот проблем со водата за пиење во селото Сушица
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт