Македонија
20. July 2023 - 16:35

Дијабетичарите утре на протест

Дијабетичарите утре излегуваат на предупредувачки протест пред Министерството за здравство попладне во 19 часот. Револтирани се зошто сите рокови поминале, а државата веќе 7 месеци ги оставила пациентите кои се на инсулин без ленти, глукомери, пумпи, терапија, а ги нема ниту ветените сензори за 700- тини деца со дијабет. 

- „После најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка. После многу инвестирање во достоинството наше на лицата со дијабетес завршија сите рокови, логички правни, измислени и смислени манипулации. Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45 лица си дијабетес на Инсулин. Нашето Министерство за здравство и Владата ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терпаија. Благодариме, НО НЕ ЈА ДОБИВАМЕ! “, рече Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Протестот го закажале приквечер за да ги почитуваат препораките поради топлотниот бран.

Од Министерството за здравство признаваат дека набавката доцнела, но посочија дека за тоа виновни биле нивните претходници раководени од Беким Сали, а во моментот течеле жалбените постапки за набавка на ленти.

- Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок. Жалиме што набавката доцнела која требала да се започне уште во декември од претходното раководство. Што се однесува до набавката за сензори, таа е во фаза на евалуација и се очекува набрзо да заврши. Сите деца со дијабет, како и бремените и слепите лица за прв пат ќе добијат вакви сензори, одговорија од MЗ.