ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори
Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори што се закажани на 24 април.
Втора е Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. На четврта е Бујар Османи од ДУИ, петта е Билјана Ванковска Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Европскиот фронт и седми е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ.
Редоследот на кандидатите за претседатели беше утврден на денешното жребување што се случи на седница на Државната изборна комисија во присуство на претставници на подносителите на кандидатурите.
Како што изјави претседателот на ДИК Александар Даштевски, по спроведеното ждребување редоследот на кандидатите за претседатели на листата ќе биде објавен во „Службен весник“.
По куса пауза се очекува ДИК да продолжи со седницата по втората точка распределба на билбордите.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
