Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март

За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе стартува во март годинава, информира денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
- За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, најголемиот дел од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето тоа треба да го објави на својата веб страна во најкраток рок, така што очекувам за приближно два месеца во март компаниите да ја добијат првата половина од износот на солидарниот данок, рече Димитриеска Кочоска на новинарско прашање.
По изјавата на директорката на УЈП дека „Мој ДДВ“ не го дава посакуваниот ефект Димитриеска Кочоска рече дека не се размислува за такво нешто и оти се останува како досега.
- Не, апсолутно. Јас вчера нешто потслушнав на крајот на денот, бидејќи цел ден бевме оптоварени со ова што сметам дека е еден од најголемите предизвици на државата и немав прилика да ја слушнам директорката. До овој момент нема некаков извештај или информација до Министерството, ниту пак сме разговарале воопшто дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме околу Мој ДДВ, така што не можам да кажам дека ќе има какви било промени, туку напротив се останува како што беше досега, рече Димитриеска Кочоска.
Таа вели дека до овој момент нема информација дека е укинат Законот за минимален глобален данок, посочувајќи дека законот и подзаконските акти се идентични како во другите држави.
- Првпат слушам дека има какво било поништување, ако има тогаш ќе кажам жал ми е затоа што тој данок компаниите ќе го платат во нивните матични земји. Целта на минималниот глобален данок е да не избегаат парите и компаниите да ги платат во нивните матични земји, туку да ги платат тука. Значи компаниите не можат да избегаат од обврската да го платат тој данок. До овој момент ниту имам некаква информација дека е укинат ниту што било затоа што тоа е нешто што се воведе би рекла на светско ниво. ОЕЦД го спроведуваше и тука направивме идентичен закон како во сите останати земји дури и подзаконските акти, речиси на крајот на годината ги носевме од причина што чекавме и другите земји да ги подготват. Ако ова се случило тоа значи дека некој оди против ова држава. За данок кој треба да се плати и ако не го платат тука ќе се плати во матичната земја навистина поразително е ние да се откажеме од нешто што компанијата ќе го плати, рече Димитриеска Кочоска.
МИА
Ново на Сител
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
-

Објавен е огласот за нов републички јавен обвинител
