Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на официјалната церемонија за потпишување на Меморандумот за разбирање и соработка за развој на пазарот на капитал, што ќе се одржи утре во Загреб, Хрватска.
Како што соопшти Министерството за финансии, настанот се организира од страна на Министерството за финансии на Хрватска и претставува регионална иницијатива во која учествуваат земјите Хрватска, Бугарија, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.
Со потпишувањето на Меморандумот ќе се потврди заедничката определба за унапредување на соработката во областа на пазарите на капитал, преку подобрување на законодавството и регулативата, интеграција на инфраструктурата, дигитализација и хармонизација.
- Оваа иницијатива има за цел да испрати силен сигнал до инвеститорите, пазарите и меѓународните партнери дека земјите од Централна и Југоисточна Европа се посветени на координирани и усогласени реформи, како и на создавање услови за долгорочен и одржлив економски раст, стои во соопштението на Министерството.
Во рамки на настанот, министерката ќе учествува и на министерски панел,на кој ќе размени искуства и најдобри практики со своите колеги од регионот.
Учеството на министерката Димитриеска-Кочоска на овој значаен настан претставува потврда за заложбата на земјава за продлабочување на регионалната економска соработка и за активно вклучување во иницијативи кои придонесуваат за развој на пазарите и зајакнување на довербата на инвеститорите.
МИА
Ново на Сител
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
