Динг е првиот светски шаховски првак од Кина
Кинескиот шахист Лирен Динг ја освои титулата светски шампион откако во Астана откако го совлада Русинот Јан Непомњашни по дополнителен тај-брејк со резултат 2,5 - 1,5.
Вчера, по 14. партија класичен шах, мечот заврши без победник 7:7 по што се играа четири дополнителни партии од по 25 минути по што триумфираше Динг кој е првиот шаховски светски шампион од Кина.
Непомнијашчи, кој делуваше подобро и поконкретно на воведните дуели, имаше шест поени по 11 одиграни натпревари, а во следните три му беа потребни три нерешени натпревари (додека двапати играше со црни фигури) за да стане светски шампион.
Но, тој го загуби 12. меч, ремизираше во следните два, а воедно имаше огромна, неискористена предност на еден од нив и... на ред дојде брзиот шах.
Првите три гема завршија без победник, а потоа во 18-та финална пресметка Кинезот успеа да победи со црни фигури во 68-от потег и со тоа ја освои светската титула.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
