Loading Video...
Балкан
20. April 2026 - 16:47

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија

Румен Радев е убедлив победник на вчерашните избори во Бугарија. По пребројани речи си 100% првичната и се уште неофицијална распределба на мандати покажува дека  тој има доволно пратеници за апсолутно мнозинство во Собранието.

Во Собранието ќе влезе и ДПС но и радикално десничарската Преродба на Костадин Костадинов која освои 4,2% од гласовите, само малку над изборниот праг од 4%. Останатите партии не го минаа цензусот а некогаш победничката Има Таков народ на Слави Трифонов освои само 0,8% од гласовите.

Бојко Борисов e еден од најголемите губитници на овие избори. Иако најавува дека нема да коалицира со никого вели дека е подготвен да биде и власт и опозиција

„Ви благодарам за секој глас за ГЕРБ. Му честитам на победникот. За нас пораката е јасна и ја извлековме уште со оставката на кабинетот „Жељазков“. Без коалиции и без непринципиелни спојувања. Едно е да се победат избори, сосема друго е да се владее. Изборите решаваат кој ќе биде прв, но преговорите ќе решат кој ќе владее. ГЕРБ може и во власт, и во опозиција. И во политиката, како и во животот, потребно е трпение.“ – напиша Борисов на социјалните мрежи.

Покрај 8 изборни процеси во 5 години и масовни протести оваа зима, вчера стана извесно дека Бугарија конечно ќе добие стабилна политичка влада. Прашалник останува само дали во неа Радев ќе направи место за коалициони партнери, имајќи предвид дека и без нив има  доволно пратеници за да владее сам.

Но 62 годишниот воен пилот во предизборието на граѓаните им ветуваше силна борба против корупцијата за што ќе му треба промена на судскиот совет нов државен јавен обвинител. За тоа му треба двотретинско мнозинство и 160 гласа во Собранието до кое лесно може да дојде со  партијата на Асен Василев и нејзините над 35 пратеници. И тој во честитката до Радев испрати порака дека е подготвен за тоа.

Румен Радев трпеше критики за својата блискост кон Русија, а светскиот печат веќе го спореди со доскорешниот претседател на Унгарија, Виктор Орбан. И за бугарските граѓани руските врски на Радев се најголемата грижа. Сепак, тие остануваат претпазливи оптимисти.

На изборите вчера гласа околу 47 проценти од избирачите, што е речиси 10 процентни поени повеќе во однос на парламентарните избори во 2024 година.