Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
Прославениот српски кошаркар Владе Дивац е опериран, откако доживеа сообраќајната несреќа во четвртокот во Црна Гора, јавија претпладнево српските медиуми.
Дивац бил подложен на операција на колкот откако паднал од мотоцикл во близина на местото Луштица.
Дивац е во стабилна состојба и лекарите не очекуваат какви и да е компликации по извршената операција, јави телевизијата Нова.
Поранешниот југословенски и српски кошаркарски репрезентативец кариерата ја почна во 1983 година во Слога од Краљево, по што настапуваше за белградски Партизан од каде замине во НБА лигата и го носеше дресот на Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот и Сакраменто.
Со сениорската репрезентација на Југославија освои вкупно 11 медали, вклучувајќи златни одличја од светските првенства во 1990 и 2002 година, како и од европските првенства во 1989, 1991 и 1995 година.
Ново на Сител
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка