Македонија
18. јуни 2025 - 12:17

Осцилациите на езерото штетни

Состојбата на водостојот на езерото, е за 17 сантиметри понизок од просекот за јуни.

Осцилациите на нивото на Охридското езеро штетни за рибниот фонд и растителниот свет .Екологистите сметаат дека влиајние за ваквата состојба покрај временските прилики има и човечкиот фактор и велат дека мора да се изнајде начин за регулирање на нивото на водата .Состојбата на водостојот на езерото, е за 17 сантиметри понизок од просекот за јуни и во моментов е на кота 693,48 метри надморска височина.

Екологистот Наумоски потенцира дека треба да се донесе закон шумските зелени појаси во сливното подрачје на Охридското езеро да не се сечат.

Инаку според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата на Охридското Езеро изнесува 21 степен Целзиусов, што е за два степени повисока температура од просекот за овој период од годината.