Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 5,5 денари по литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Согласно одлуката, највисоката малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 99 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 101, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 104,5 денари за литар. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ1) поевтинува за 7 денари за литар и ќе се продава за 102,5 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 денари по килограм и ќе изнесува 50,078 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,960 отсто, кај дизелот за 6,772, кај екстра лесното масло за 5,960 и кај мазутот за околу 4,084 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,753 отсто повисок од курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
МИА
Ново на Сител
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
